Ланските субвенции ќе бидат исплатени до февруари

Bez autora
Jan 13 2011

Вкупно 4,4 милијарди денари или 82 отсто се реализирани од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година. Според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплатени се 93 проценти од субвенциите за растително производство, тутунот, поледелските и градинарските култури, лозарството и овоштарството. За сточарското производство, пак, досега се префрлени 62 отсто од планираните средства поради продолжените рокови за аплицирање, интензивните контроли и исплатите во последните денови од 2010. Агенцијата информира дека исплатите продолжуваат и во 2011. Сите апликанти што уредно поднеле барања за поддршка и ги исполнуваат критериумите утврдени со Програмата ќе бидат исплатени најдоцна до февруари. Од Програмата за рурален развој, за инвестиции за унапредување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства, како и за инфраструктура, се реализирани вкупно 430,6 милиони денари.

Ланските субвенции ќе бидат исплатени до февруариВкупно 4,4 милијарди денари или 82 отсто се реализирани од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година.

Според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплатени се 93 проценти од субвенциите за растително производство, тутунот, поледелските и градинарските култури, лозарството и овоштарството. За сточарското производство, пак, досега се префрлени 62 отсто од планираните средства поради продолжените рокови за аплицирање, интензивните контроли и исплатите во последните денови од 2010.

Агенцијата информира дека исплатите продолжуваат и во 2011. Сите апликанти што уредно поднеле барања за поддршка и ги исполнуваат критериумите утврдени со Програмата ќе бидат исплатени најдоцна до февруари. Од Програмата за рурален развој, за инвестиции за унапредување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства, како и за инфраструктура, се реализирани вкупно 430,6 милиони денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik